Еден бакнеж, еден допир, јас за тебе сите ѕвезди ќе ги симнам вечерва само посакај.
Еден поглед и се опив ти во срцево се` стопи, очите затвори ги и само уживај.
Ноќта е пред нас, ми велиш тивко ти, во очиве ми гори оган, погледни и само остани.
Остани до крај, чекај го денот нов што се буди, љуби ме и знај ти си се`, се` што сакам јас.
Усните во страст ти горат и се љубат ко да молат, сите бакнежи да ги чувам јас за нив.
Ноќта е пред нас, ми велиш тивко ти, во очиве ми гори оган, погледни и само остани.
Остани до крај, чекај го денот нов што се буди, љуби ме и знај ти си се`, се` што сакам јас.
Ти си се`, се` што сакам јас
|