Ми запиша и Бог на дланкиве да бидеш свето место за мене, од тоа место до мојот сон ме дели желба тешка еден сон. А денот не е ден ни мракот ноќ и без тебе не чувствувам моќ, од твојот образ до мојот сон не` дели солза тешка еден тон.
Дај, разбуди се, го нема сонот на вљубените и оди си, ти чувам место во спомените, но некогаш тргни низ времето и просторот и дојди на место на злосторот.
Тој поглед се` ми значи, ќе ти дарам топла душа, твоето срце лед што зрачи ќе се стопи, ќе ме слуша. И би дарил вишни неба, дај ми место покрај себе, ти си сонот што ми треба, никој не е како тебе.
Немаш ни благодарам зашто се трудев да те сфатам, да те љубам, да те вратам. Немаш ни благодарам ниту, пак, надеж да ми дадеш и пак срце да ми крадеш. Немаш ни благодарам, си одиш ти, а надвор лие, око тажно солза крие. Немаш ни благодарам, немаш ни благодарам. Насмевка немаш, се` ми земаш, сега знам ти срце немаш. Немаш ни благодарам се` што ти дадов се` ми зема, што те немам што ме немаш. Немаш ни благодарам зошто е крај, крај на чинот, пепел само во каминот. Немаш ни благодарам.