Мајка на Марика думаше, Марике, ќерко, Марике, земи го ќерко Ѓорѓија, Ѓорѓија први бекрија.
Земи го ќерко Ѓорѓија, Ѓорѓоја први бекрија.
Послуша Марика мајка си, зеде го Ѓорѓи бекрија. Ѓорѓи на Марика думаше, Марике, либе, Марике.
Ѓорѓи на Марика думаше, Марике, либе, Марике.
Нова се крчма отвара, мене ме канат да идам, севтето да им направам, фирмата да им напишам.
Севтето да им направам, фирмата да им напишам.
Еве го Ѓорѓи кај иде, девет му зурли свиреа, девет му зурли свиреа, девет тапани чукаа.
Девет му зурли свиреа, девет тапани чукаа.
|