Вечерва повторно празна е постелава без твојата душо нежна прегратка, а болка в душава мир не ми дава, горам. Твојот лик ми краде сон од очиве откако си замина ти, љубена.
Гори мојто срце в ноќва студена, сал за тебе збори, прости, кој што љуби душо може и да погреши.
Ех, да можам ноќва би ја дал вселената повторно од твојте усни да се опијам, на гради да ти заспијам.
Спомени ветровите ми носат, љубена, а јас ги молам душо и тебе да ми те донесат ноќва в мојата прегратка. Откако замина немам мир, љубена.
Гори мојто срце в ноќва студена, сал за тебе збори, прости, кој што љуби душо може и да погреши.
Ех, да можам ноќва би ја дал вселената повторно од твојте усни да се опијам, на гради да ти заспијам.
|