Како птица мај ќе слета кај вљубените. Блазе им, а ние каде сме? Како срце божур цвета, во моето си и најмила и проклета ти.
Полско цвеќе млад нека ме покрие, душа нек ми љубат облаци кога неќеш ти. Камо среќа да ми згаснат очиве ако врз тебе се послани туѓи бакнежи.
Лесно и во чест и Бога да се заколнам, како крвта да ја прегазам? Женски солзи небо гледа, но ќе запише само кога маж ќе заплаче.
Полско цвеќе млад нека ме покрие, душа нек ми љубат облаци кога неќеш ти. Камо среќа да ми згаснат очиве ако врз тебе се послани туѓи бакнежи.
|