Адреса не знам ни број каде си ти, а јас сум се` уште твој, каде си? Еј, љубов ме гризе, малечка. Вака заборавен, откачен, отфрлен живеам од спомени.
Срцата полни, а утрото ѕвони со љубовен звук, еден за друг и како празник секој почнуваше ден, бакнежи, прегратки, очи насмеани. Помниш ли се` што имавме? Премногу среќа за да ни потрае.
Минливо и потрошно за тебе сум, потстанар во срцето, на крај на ум. Љубов ме гори, малечка. Признавам виновен, повреден, победен живеам од спомени.
Срцата полни, а утрото ѕвони со љубовен звук, еден за друг и како празник секој почнуваше ден, бакнежи, прегратки, очи насмеани. Помниш ли се` што имавме? Премногу среќа за да ни потрае.
|